Во одлично друштво со околу 600 експерти за човечки ресурси, отворивме уште една HR Days конференција во Ровињ, во oрганизација на нашиот партнер MojPosao. Годинешното јубилејно 10 - то издание на најголемата конференција за човечки ресурси на врвот ги стави различните форми на лидерство, засновани на препознавање и развивање на потенцијалот на вработените, градење пријателски односи и поттикнување силна инклузивна култура.
Покрај интересните предавања од истакнати домашни и странски предавачи како што се меѓународниот авторитет и експерт за комуникација Антонио Ласинаи, Клод Силвер, повеќекратно наградуваниот Sussess Coach & Trainer Ева Прокопи, Даниеле Ландер, поранешен корпоративен менаџер во Google, Маја Вучиќ и Звонимир Галиќ, посетителите може да очекуваат и неколку интерактивни работилници. Дополнително, овогодинешната конференција носи панел дискусија, дружење еден на еден на кафе со светски познати експерти и незаменливо вмрежување.
„Знаеме дека не можеме да живееме на старата слава, затоа оваа година вложивме многу труд за да ви овозможиме што е можно подобри предавања, преку кои ќе ги покриеме сите актуелни теми од областа на пазарот на трудот. Ви посакуваме добра забава и почнуваме“, рече Пучар.
Десеттата конференција HR Days ги претстави различните форми на лидерство, засновани на препознавање и развивање на потенцијалот на вработените, градење пријателски односи и поттикнување силна инклузивна култура.
„Секоја приказна има свој херој и негативец“ – ова се зборовите со кои Антони Ласинаи не запозна со своето интересно и интерактивно предавање на тема „You Get Team You DeSERVE“.
Овој интересен и позитивен експерт за меѓународна комуникација го пронашол својот вистински повик, и тоа сосема случајно, вели Антони. Иако комуникацијата, на еден или друг начин, отсекогаш била неговата главна алатка за работа, тој ја пронашол својата вистинска страст.
„Ако ја подобрите комуникацијата, ќе ја зголемите продуктивноста на тимот, ќе создадете подобра средина за сите вас“, рече тој.
Колку е важна комуникацијата, лидерот ни претстави и процентуално каде пишува дека, 10 до 35 отсто од луѓето доаѓаат на работа со радост и ентузијазам, додека 10 отсто од луѓето секојдневно доаѓаат на работа незадоволни. Според некои тези, лидерството е „заслужено“ за тоа, но за Антонио тоа не е единственото. Според него, во зависност од начинот на комуникација и влијанието на менаџментот, на пазарот на трудот денес можеме да најдеме четири нивоа каде се наоѓаат вработените и според кои критериуими тие работат.
Работниците се тие кои се обидуваат да откријат каде сакаат да бидат во иднина, што сакаат да прават, но никогаш не ги наоѓаат одговорите на овие прашања бидејќи единственото решение на нивното раководство за нивните проблеми е преструктуирањето на работата, кое на почетокот прави мали промени, но не доволно.
Според него хиерархијата е следна:
„Ако сте на дното, ќе се најдете во ситуација кога вашиот тим ќе отсуствува повеќе, ќе работи помалку, ќе извршува полоши и полоши задачи, а понекогаш ќе ги отстранува своите фрустрации на клиентите. Од друга страна, со постепено искачување на врвот, не само што ќе се ослободите од сите тие негативни делови, туку за возврат ќе добиете попродуктивни, позадоволни и успешни луѓе“, рече тој.
На третиот чекор се наоѓаат работниците кои на прв поглед, се во целосен зен (баланс). Тоа е средина во која луѓето очекуваат сè околу нив да остане исто. Иновациите овде не се добредојдени, ниту пак некои нови идеи.
На последниот чекор постои мал дел во кој секој би сакал да живее. Тоа е простор каде што се поттикнуваат иновации, комуникација, синергија, тимско поврзување, взаемна помош и споделување на нови знаења и вештини.
„Како ги следите чекорите на успехот? Тоа е прашање со кое често се среќава овај успешен лидер. Она што го гледа како мотивација во луѓето е еден вид развој на мотивациониот начин на размислување“, рече тој и додаде дека нема успех без развој на суперсили - енергија, емпатија, јасност. Тоа се техники со чија помош се создава солидна и безбедна заедница во една работна средина.
Веса-Пека Кирси на оваа конференција истакна дека: “Лидерството наоѓа рамнотежа помеѓу надворешните барања и нашите сопствени внатрешни ограничувања”.
Е сега, се поставува следното фундаментално прашање: Како да најдеме рамнотежа помеѓу барањата што ни ги поставува деловниот и приватниот живот и нашите внатрешни граници?
Кирси посочува дека зад нас оставивме три предизвикувачки години, во кои се најдовме затворени во нашите четири ѕида. Луѓето кои порано ги гледавме секојдневно, сега ги гледаме исклучиво на компјутерските екрани. Во исто време, живееме приватен и деловен живот, а целата наша комуникација е сведена на пораки и видео повици. Покрај сите овие промени, сега кога сме малку поопуштени, од запад доаѓаат и некои нови трендови (позитивни и негативни) на пазарот на трудот, кои не ја олеснуваат целата ситуација.
Лидерите на компаниите пред сé мора да научат како да ги мотивираат луѓето, како да внесат синергија во својот тим, но и да ја доближат визијата на компанијата. Овие задачи денес станаа доста сложени и нив мора да им пристапиме со голема претпазливост.
„Не можеме да им пристапиме на сложените проблеми на едноставен начин. Нивните вистински решенија ќе ги најдеме само кога ќе ги сфатиме сериозно и ќе потрошиме дел од нашто скапоцено време за да ги најдеме вистинските решенија“, додаде тој.
Својата теорија лидерот ја претстави на веќе добро познат начин - преку паричка. Ова е техника која луѓето ја користат илјадници години и на прв поглед на многу едноставен начин - има само две опции, главата и буквата. Сепак, како што истакна Кирси, денешното време бара од нас да гледаме на светот не само во црно-бела, туку како на сива зона.
„При донесувањето одлуки, секогаш мораме да ги гледаме двете страни. Мораме да слушаме што ни кажуваат луѓето за да знаеме како да ја составиме вистинската средина во која ќе создадеме оаза на напредок, раст и задоволни работници“, рече тој, додавајќи дека мораме да го набљудуваме светот со целосно отворени очи бидејќи тоа е единствениот начин на кој можеме да создадеме подобра иднина за сите.
„За да станеме подобри лидери, треба да започнеме од себе за да им помогнете на луѓето околу вас на крајот од денот“.
Pilar Cabral Majerović: Unlocking Emotions in Business World… Unlocking What?
Pilar Cabral Majerović со своето предавање на тема „Отклучување на емоциите во светот на бизнисот... Отклучување?“ реши да не воведе во речиси нов свет на бизнисот. Свет кој е фокусиран на емоции. „Емоциите се со нас од памтивек. Тие не прават луѓе“, рече таа. Според неа, емоциите се клучни за нашата деловна иднина.
Детали од останатите интересни предавања и работилници тимот на Вработување ќе донесе наскоро...