Маријан доби автомобил од шефот за неговиот 60-ти роденден и 35 години работа во компанијата. Браво за ваквите шефови кои си ги почитуваат своите вработени и им го ценат вложениот труд и работа.
Ова е пример кој треба да го следат сите сопственици на фирми.
Мaријан Љубиќ, вработен во градежната компанија Ника од Вараждин, добил автомобил од својот газда на подарок за 35 години работа во компанијата и за својот 60-ти роденден.
Честите промени во работната средина денес се секојдневие и затоа оваа повеќегодишна лојалност е вистинска реткост.
Кога таков јубилеј се поклопува со прославата на неговиот роденден, нема подобро од тоа да се искаже благодарност со пригоден подарок“, објавија на Фејсбук профилот на компанијата со фотографија од сопственикот на компанијата Звонко Кишиќ.