Според последните податоци од српскиот ИТ пазар, платите продолжиле да растат и просекот во моментов е дури 1.600 евра. Интересен е и податокот дека 10 отсто од вработените во ИТ секторот заработуваат над 3.000 евра.
Исто така, покрај извонредно високите плати, на домашниот ИТ пазар е забележан тренд каде секој четврти ИТ експерт во Србија, освен што ги познава самите технологии, има завршено само средно образование.
Овие податоци се добиени во истражувањето „Пулсот на српската ИТ заедница”. Во истражувањето учествувале 1.328 професионалци и почетници од Србија.
Резултатите од ова истражување покажаа дека во ИТ секторот сè уште доминираат мажи, на возраст од 18 -39 години, со ниско или високо образование.
Следен податок е дека, дури 7 од 10 вработени во ИТ секторот се задоволни од својата работа и сметаат дека нивната компанија е добро место за работа. Сепак, само околу 60% се подготвени да останат во истата компанија, што укажува дека работната средина и организациската култура на компанијата се главни двигателите кои влијаат на задржувањето на вработените во компанијата.
Исто така, податоците покажуваат дека мажите во просек заработуваат околу 1.700 евра, додека жените околу 1.300 евра.
Речиси половина од вработените во ИТ секторот, со просечни месечни примања од 1.765 евра, живеат и работат во Белград, додека Војводина е на второ место, со просечна плата од 1.526 евра. Следни на листата се Јужна и Источна Србија со 1.225 евра и најслабо платени ИТ работници во Западна Србија и Шумадија (1.192 евра во просек).
Зошто програмерите гo менуваат работнoто место?
Како клучни причини поради кои се одлучуваат да ја сменат работата, третина од експертите ја наведуваат несоодветната плата. Друг важен фактор за донесување таква одлука е бавниот напредок. Дополнително, на промената на компанијата влијае и отсуството на модел од работа од дома или хибриден модел во компанијата.
И со средно образование до високи плати
Дека ИТ секторот не го сочинуваат исклучиво лица со високо образование, покажува и бројката каде 25 отсто од експертите завршиле само средно образование. Околу 55 отсто од анкетираните во истражувањето имаат завршено факултет, додека 19 отсто од нив имаат завршено магистерски или докторски студи.