Делницата Велес – Градскo на регионалниот пат Р1102, од утре па во наредните девет месеци ќе биде затворена за сообраќај поради градежни работи, соопшти АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по претежно влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
извор: alsat.mk