
Полетувањата и слетувањата од белградскиот аеродром „Никола Тесла“ денеска беа привремено прекинати откако пистата на аеродромот беше погодена од гром и оштетена, јави Радио-телевизија Србија (РТС).
„За време на силното невреме кое попладнево го зафати подрачјето на Сурчин, пистата на белградскиот аеродром беше погодена од гром и оштетена, па полетувањата и слетувањата беа привремено прекинати“,
соопштија од аеродромот „Никола Тесла“.По брзата интервенција на надлежните служби, штетата е санирана, а авиосообраќајот на аеродромот е нормализиран од 17:00 часот попладнево.
Вчера, во доцните попладневни часови Белград беше погоден од силен дожд, пропратен со електрични празнења.
Невреме имало и во градот Шабац во Срем, каде паднале 30 литри дожд на метар квадратен.