Цените на станбените недвижности видно се ладат низ светот, е главниот заклучок од анализата на интернет портал. Гледајќи ги само номиналните цени, тие пораснаа во вториот квартал од оваа година во 49 од 58 земји што ги следи овој портал, но инфлацијата турна многу пазари на недвижности во минус.
По повторното пресметување на номиналните цени, станбените недвижности поевтинуваат на годишно ниво во дури 24 земји, додека во 34 недвижностите се зголемуваат реално. Сето ова значи дека во вториот квартал пазарите на недвижности значително се заладија. Само во 12 земји цените на недвижностите се зголемија повеќе отколку во истиот период во 2021 година.
Горенаведените движења на цените покажуваат дека глобалниот бум на недвижностите губи на интензитет. Ова не е изненадувачки, бидејќи војната во Украина и неизвесноста предизвикана од пандемијата „Ковид-19“ влијаат на овој пазар покрај зголемената инфлација.
Лоши предвидувања
Поради многу високите инфлациски притисоци, централните банки ширум светот ги зголемуваат каматните стапки. Инфлацијата ја намалува куповната моќ на граѓаните, а зголемувањето на каматните стапки ги зголемува трошоците за финансирање и отплата на хипотекарните заеми. Поради сите овие причини загриженоста на аналитичарите за недвижности е сосема оправдана, на веб порталот напишаа дека ова е рецепт за колапс на пазарот на недвижности. Во Европа нагло се намалува растот на цените на станбените недвижности. Само во седум од 27 европски земји годинава цените пораснаа повеќе од лани. Споменатиот интернет портал посочува дека двата главни европски пазари, германскиот и британскиот, заладија во вториот квартал, бидејќи растот на цените годинава бил помал од ланскиот. Во Италија и Шпанија, пак, цените на недвижностите дури паднаа.
Целиот текст на: biznisinfo.mk