Оние кои останаа, особено во помалите градови, сведочат дека секој трет познаник им се иселува заедно со семејството. Подобра егзистенција и поквалитетен живот бараат во Германија, Италија, Швајцарија, Шведска, Малта...
Еве ги коментарите на дел од граѓаните:
- Од одделението на син ми кој е шесто одделение, изминативе пет година се иселија вкупно 6 деца заедно со семејствата. Имам соседи кои заминаа во Германија. Факт е дека заминуваат масовно.
- Го пакуваат целиот свој досегашен живот во 4 куфери, средуваат документи и заминуваат. Во право се, таму ќе работат за достоинствена плата, децата ќе им шетаат низ чисти паркови, нема да има врски за на лекар, училиште, градинка...
- Зошто си одат? Одат за подобар живот за нив и нивните деца. Со среќа на сите. Вистинито и за жал неизбежно. Не само младите што се иселуваат туку многу често по нив и кај нив заминуваат и возрасните, да бидат покрај нив, да ги чуваат внуците, да имаат достоинствено исполнета старост.
- Си заминаа најпаметните и најписмените ... не само младите туку и постарите. Ништо не функционира.... Најпаметните луѓе ни заминаа... остана неписмен кадар што во странство не ги бива. Како што иде времето повеќе ќе има кучиња скитници од луѓе....

