На брод се заработуваат многу пари и се обиколува светот ама се работи и по 14 часа на ден
Прилепчанецот Бобан Ц. од Прилеп веќе подолго време работи на крузери. Тоа е добра работа која носи одлична заработувачка и можност да го видиш целиот свет.
Откако аплицирал за работа на брод, чекал околу два месеци да го викнат на интервју за работа. Пред тоа полагал тест за познавање на англиски јазик и морал да извади некои документи кои и не се така ефтини кај нас. Вклучувајќи го патот од Прилеп до Скопје и авионската карта Скопје-Франкфурт-Мајами, Бобан потрошил околу 2 илјади евра додека да стигни на бродот. Но, авионската карта и трошокот за визата му ги рефундирала бродската компанија веднаш по доаѓањето на бродот.
Прв пат на брод се качил од Мајами, Флорида, на бродот Brilliance of the Seas, каде што првите 3 недели имал тренинг за “bar department“, каде што ја усовршувал работата.
Оттука, после тренингот заминал на најголемиот брод на флотата Oasis of the Seas. Работел од 8 до 14 часа, а во текот на еден ден униформата ја менувал и до 4 пати, зависно од одделот во кој работел ( утринска, дневна, диско, театар…).
Сите вработени мораат да носат беџ со името, државата од каде доаѓаат и позицијата на бродот. Тоа важи за сите, и за офицерите исто така, дури и за капетанот на бродот.
Што се однесува на смештајот, Бобан се пожали на малите кабини кои секој вработен ги дели се уште еден цимер.
Убавината во оваа работа е што можеш да излезеш на секое пристаниште и навистина да го видиш светот. Гостите се надвор од бродот, па не се потребни толку работници на должност. Покрај работата имаш време за забава и уживање.
Исто така кажува дека можи многу да се штеди. „Бидејќи скоро и да нема никакви трошоци, освен за лична хигиена, излегување, пијачка или цигари“, истовремено потенцирајќи дека храната на бродот е толку разновидна што никој неможи да остани гладен.
Бобан кажува како Ројал компанијата има нулта толеранција за дрога, насилство, навреди на расна, верска и национална основа, неносење на беџовите, непослушност на претпоставените и непочитување на правилата на бродот.
На бродот нема кеш, се се плаќа со картички на кои гостите ставаат пари пред да дојдат на бродот и доколку го надминат лимитот доплаќаат при нивното заминување. 95 проценти од гостите се американци и се жалаат и на најмала ситница. Најтешки гости се гостите на бродовите кои се наоѓаат во Њујорк и Галвестон, Тексас. Тие се воглавно средна класа во Америка, иако многу наши сограѓани мислат дека гостите се милионери или милијардери.