Во вкупното резидентно население на возраст од 15 години и повеќе, 98.4% живеат во брачна заедница, а 1.6% во вонбрачна заедница, се наведува во новиот сет пописни податоци што ги објави ДЗС, а се однесуваат на брачниот статус на населението, бројот на новородени деца и миграциите внатре во државата.
Од вкупното резидентно население, 81.1% изјавиле дека не се селеле (автохтоно население), а 11,7% дека се доселиле во местото на вообичаено живеење.
Според местото на раѓање, 90% од вкупното резидентно население се родени во Република Северна Македонија.
извор: 24info.mk

