Нема учебници, ама ќе има Совет кој ќе се занимава со проблемот!

Нема учебници, ама ќе има Совет кој ќе се занимава со проблемот!

03. 10. 2022.

Ќе биде формиран посебен Совет кој ќе се занимава со проблемот на учебниците во основно и средно образование и ноемвриски рок за печатење на учебниците кои недостасуваат, најавија од Министерството за образование.

Проблемот со учебници не е само во основно, туку и во средно образование. Во најбрзо време ќе се оформи еден вид совет за целиот проблем, кој не е само за оваа година, туку за конечно да се најде решение и за основно и за средно училиште. 

Проблемот со учебниците не е само од оваа учебна година. И претходната учебна година почна со нов концепт за основно образование и со нови учебни програми. Тој концепт минатата година беше само за прво и четврто одделение. Во прво одделение имаше печатени материјали, а за четврто одделение имавме печатени и дигитални материјали. Комисијата веќе има одобрени учебници, завршуваме со процесот на жалби за економски оператор, а по затворање на овој процес и одобрување на учебници, очекуваме во месеците октомври и ноември, сите процеси за сите учебници да завршат во националната Комисија но и во процесот на печатење, рекоа од Министерство.
извор: skopskoeho.mk