Претходно од ЈП „Водовод и канализација“ Скопје информираа дека водоснабдувањето во високите зони во Скопје е со намален притисок поради дефект во мрежата на ЕВН
„Прекинот се случи како последица од испад на 100-киловолтен далекувод од трафостаницата ‘Скопје 3’ до трафостаницата ‘Запад’. Екипите на Електродистрибуција за брзо време го санираа дефектот и корисниците веќе имаат нормално и стабилно снабдување со струја“,
информираат од ЕВН.
Претходно од ЈП „Водовод и канализација“ Скопје информираа дека водоснабдувањето во високите зони во Скопје е со намален притисок поради дефект во мрежата на ЕВН.
„Без струја се пумпите во селата Рашче и Кондово и бунарите во Лепенец и Нерези поради дефект на ЕВН АД Скопје. Поради овој прекин во снабдувањето со електрична енергија во некои делови од градот, водоснабдувањето ќе биде со намален притисок“,
соопшти ЈП „Водовод и канализација“.