Три земји го исфрлаат доларот.
Произведувачот на дијаманти „Алроса" од Русија го тестирал механизмот на продажба на своите производи во рубљи на странски клиенти, потпишувајќи договори со клиенти од Индија и Кина, потврди прес-службата на компанијата.
Кинеска компанија платила роба во рубљи, а истата ја купила на аукција за продажба на дијаманти од специјални размери во Хонгконг.
Долгогодишен купувач на роба од Индија платил една испорака на дијаманти во рубљи. Името на клиентот не се наведува.
Компанијата е подготвена да употреби шема на трансакции во рубљи и во иднина.
Лидерите на земјите на БРИКС, односно Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка, чекор по чекор работат на тоа да го елиминираат доларот од меѓусебното плаќање и да ги воведат своите национални валути.