Денес Вработување.ком пред своите сегашни и идни клиенти ја претстави својата нова платформа Pulser.mk - производ со кој секојa компанија ќе може „да го провери пулсот“ на своите вработени а со тоа да ги намали причините за „главоболки“ во истата.
На симболичен начин на присутните им беше дадена картичка на која Pulser.mk беше претставен како апче за глава, а проследено со слоганот „За да не ве боли глава земете си Pulser.mk“
Станува збор за интернет платформа за тестирање на задоволството на вработени, која е така направена да може компаниите резултатите да ги добијат од денес за утре. Имено тестирањето кое е комплетно анонимно, вработените го прават со помош на код специјално креиран од платформата за секоја компанија поединечно, влегуваат во платформата и одговараат на вкупно 65 прашања користејки вкупно 4 симболи.
Резултатите пристигнуваат брзо и точно а извештајот е сосема лесен и едноставен за читање со добивање на оцени во различни категории кои се читаат, но и со добиена специфична анализа на сите прашања изразени во проценти.
Најважно е дека на крајот компанијата точно ќе знае колкав процент од вработените се активни, колку се пасивни а кои се ни таму ни ваму... Низ анализата на одговорите точно ќе се знае на кој начин треба да се мотививираат и активираат вработените.
Можеби не сте свесни ама вашите вработени сметаат дека опремата која ја користите е застарена, а исто можеби се незадоволни од удобноста на просториите?. Иако изгледа се идеално можеби не сте свесни дека меѓучовечките односни во вашата компанија се сериозно нарушени, а дали можеби знаете дека вашите вработени сметаат дека има привилеграни во компанијата што пак им прави фрустрација на останатите кои добиваат желба да си заминат?
На овие и на уште 60 прашања вие како работодавач ќе може да добиете одговор а подоцна и да најдете решение.
Уште една новост е тоа што со оваа платформа Вработување.ком добива кредибилитет да го одбере работодавачот на годината врз основа на добиените оцени од вработените. Компанијата која ќе биде најдобро оценетета од своите вработени ќе се заките со титулата Најдобар Работодавач во Македонија.
Наградите Вработување ќе ги доделува кон крајот на март 2023.