По 122 години париското метро ги укинува хартиените билети.
Париз донесе ваква одлука 20 години по Њујорк, а десет години по Лондон. Градските власти за јавен превоз објавија дека ваквите билети полека ќе почнат да се исфрлаат од употреба. Тие најавија дека до 2025 ќе бидат тргнати сите машини за купување билети и ќе бидат заменети со билети на мобилни телефони или посебни картички.
„Сакавме и порано да го направиме ова, но кризата со чипови нè забави“, рече за медиумите генералниот директор на регионалната транспортна организација „Ил де Франс мобилите“.
Метро билетите во Париз почнале да се користат на 19 јули 1900 година кога се отворила Линија 1. Тогаш чинеле 25 сантими, а денес за едно возење се плаќа 1,90 евра.