Патиштата се катастрофа. Патарините се скапи, ама барем патиштата да се добри. Од дупките страдаат возилата, а и работното време ни се одолговлекува, велат граѓани кои ги затекнавме додека екипата на Радио Слободна Европа направи обиколка по автопатите низ земјава.
Земјава е некаде на средината од балканските земји по километри изграден автопат. Што се однесува до патарините, поевтини од нас има во Србија и Албанија, а во Косово не се наплаќа.
„Непријателски“ дупки на автопатот Пријателство
Автопатот Пријателство, кој го спојува главниот град со грчката граница не е баш пријателски настроен кон возачите. Дупки на патот, нерамнини, и патарини на секој чекор. На околу 150 километри пат од Скопје до Гевгелија има пет патарини за кои во еден правец ќе треба да платите 360 денари.
Но, само што ќе излезете од Скопје, по патарината кај Петровец, патот се прави, и така веќе две години. Најновите рокови на надлежните се дека работата треба да биде готова следната година.
Повеќе за темата прочитајте на ЛИНКОТ.