Два тима од средните училишта Орце Николов, Зеф Љуш Марку и Раде Јовчевски Корчагин се победници на NASA Space Apps Challenge 2022 во Македонија. Тие беа во конкуренција на 5 тимови избрани за финалисти, од страна на 5-члено жири кое едногласно одлучило да избере два тима како прво пласирани.
Тимовите Aerth и Yccc-Space Eagles имаат ист број на гласови од жирито за понудените решенија за предизвиците.
„Станува збор за високо-квалитетни и добро промислени прокети, иновативен пристап, голем обем на сработени активности за само 48-часа и високо ниво на тимска соработка во рамки на хакатонот“, информираат од NASA Space Apps Challenge 2022.
Во тимот Aerth членуваат средношколците Мирослав Мишоски, Илин Московски, Леонид Индов, Марио Блажевски, Матеј Крстески и Калин Јовановски на возраст од 16 и 17 години од СУГС Раде Јовчевски Корчагин и СУГС Фимназија „Орце Николов“. Ментор на тимот е Марко Лазетиќ од Машински факултет.
Во тимот Yccc-Space Eagles членуваат средношколците Анди Ганиу, Ендрит Шаќири, Јасир Идризи, Кренар Ахмет и Дијар Селами на возраст од 17 и 18 години од средното училиште Зеф Љуш Марку од Скопје. Ментор на тимот е Ндерим Нагавци.
The Exposeros е тимот кој освои второ место. Тимот го сочинуваат основците Бодан Николов (12) од QSI Internacional School of Skopje, Миа Чаушевска (12) од NOVA Internacional Schools и Јаков Здравевски (13) од IPS.
„Тие се првите ученици кои заради нивото и квалитетот на нивните идеи, обемот на технички познавања, силна визија и функционално решение-прототип изработено во само 48-часа успеаја од младинската конкуренција рамноправо да се натпреваруваат со останатите тимови во категоријата 15+ и дури да освојат и пласман“, велат од NASA Space Apps Challenge 2022.
Националните победнички тимови со поддршка на Американската амбасада во земјава заедно со менторите ќе патуваат во NASA’s Kennedy Space Centеr.
Тимот на Aerth креирале решение со чија помош корисниците можат да следат, но и предвидуваат движењето на Меѓународната Вселенска Станица и притоа учејќи многу интересни и значајни факти за силите кои влијаат на нејзината траекторија.
Тимот на Yccc- Space Eagles се фокусирале на изработка на интерактивна мобилна апликација и веб страна преку која можат да се истражуваат позициите и големините на кратерите на Месечината направени од земјотреси, преку добиентите податоци од НАСА добиени од сеизмички и геофизички податоци прибрани од инструментите кои ги имаат остварено астронаутите од Аполо мисиите.
Најмладите учесници кои го оформија тимот The Exposeros креираа прототип на сонда опремена со независен систем за напојување со енергија за да може да издржи и 60-дневни мисии која имаше задача да ја истражува планетата Венера.