Гигантот за брза храна прифаќа криптовалути.
Глобалниот гигант за брза храна Мекдоналдс го прифати Биткоинот како начин на плаќање во своите ресторани погодни за криптовалути во швајцарскиот град Лугано.
Магазинот „Bitcоin“ објави едноминутно видео кое покажува како храната се нарачува во дигитален киоск во Мекдоналдс и се плаќа со користење на мобилна апликација. Логото Tether можеше да се види веднаш до симболот за биткоин на машината за кредитни картички.
Овој потег на компанијата следи по одлуката на градоначалникот на Лугано да ги прифати биткоинот и Тетер како „де факто легално средство за плаќање“ во градот. Во март, на жителите на Лугано им беше дозволено да плаќаат даноци користејќи криптовалути.
Според проектот на градоначалникот, се очекува плаќањето во криптовалути да се прошири и на билети за паркирање, јавни услуги и студентски такси.
Повеќе од 200 продавници и бизниси во областа, исто така, наводно планираат да прифатат крипто плаќања за стоки и услуги.