Возач на автобус од ЈСП нагло закочил и удрил во електронска рампа, при што повредени се две патнички во автобусот. По овај инцидент се огласија и граѓаните кои секојднено го користат јавниот превоз. Поголемиот дел од нив се жалат дека возачите не ги почитуваат правилата за возење и застанување, но има и такви кои велат дека патниците сами треба да се грижат за својата безбедност додека се возат.
- Им претрчал пешак пред нив или брзале зошто доцнат според распоред и морале изненадно да закочат, инаку ништо од ова не е во ред, за некој патник да биде тешко повреден и не дај Боже со последици доживотно.
- Не застануваат десно на постројката за да земат и остават патници, туку на сред улица или ако застанат десно се влетуваат одма лево во собраќај. Дали идат коли не ги интересира и цело време на мобилниот се разговара, вели една скопјанка за возачите во јавниот превоз.
- Брзо возат, не држат растојание, па нагло кочат... и патниците уште не слезени од автобусот, а шоферот нагло поаѓа и притоа ни вратите не стигнува да ги затвори, од што не му се чека.
извор: skopjeinfo.mk