За најранливите категории на граѓани во моментов се разгледуваат мерки се со цел полесно да се преброди финансиската криза.
Инспекторите ќе продолжат да ги контролираат трговците кои не ги почитуваат замрзнатите маржи на основните производи и дека за секое прекршување ќе следуваат казни и корекции.
Владата на последнатаа седница донесе Одлука за дополнување на одлуката за посебни услови за трговијата на одделни стоки. Со оваа одлука се замрзнува маржата и за млечните производи: урда, крајво бело сирење и мешано бело сирење, кашкавал, кисело млеко и павлака и јогурт, за коишто се ограничува највисока трговска маржа до десет проценти во трговијата на големо и трговијата на мало. При редовна контрола на Државен пазарен инспекторат во трговијата на мало и трговијата на големо, според информацијата од Министерството за економија, укажано е на потребата од интервенција кај наведните стоки, поради растот на нивните цени.
Како што е познато, од 14 јуни 2022 година, утврдено е замрзнување на маржите на основните прехранбени производи: леб (бел), шеќер (бел), сончогледово масло за јадење (без ладно цедено масло), брашно од пченица (тип 400 и тип 500), макарони и шпагети од тврда пченица, македонски бел ориз и трајно кравјо млеко со масленост од 2.8 проценти, 3.2 процента и 3.5 проценти, со трговска маржа со важност до 31 декември 2022 година.
извор: bankometar.mk