Разбиена е криминална група која фалсификувала евра при што постојат основи на сомнение дека мрежата се проширила и во Албанија и други земји на Балканот.
Оваа група за помалку од три месеци испечатила осум милиони лажни евра во апоени од по 500 евра.
Објавени се и фотографии од запленетите пари и машините пронајдени во работилница во регионот на Каталонија.
Шпанската полиција уапсила 12 лица, додека полицијата успеала да заплени 4,3 милиони евра, а остатокот е пуштен на пазарот. Парите циркулирале и на Балканот.
извор: faktor.mk