Општините започнаа да набавуваат огревно дрво за училиштата. Со цел да заштедат струја и да обезбедат топли простории, ги враќаат старите ќумбиња и печки на дрва. Уште не е почната грејната сезона, а училиштата веќе добиваат високи сметки за струја.
Со оглед на тоа што постојат сериозни предлози кои на вистински начин би му излегле во пресрет како на општините така и на училиштата и сите оние кои имаат проблем со цената на електричната енергија и енергетската криза, експертите апелираат што побрзо да се реши овој проблем.
Сериозен проблем е во делот на обезбедувањето на средства и енергенси, цените вртолаво растат, и тоа за 4-5 пати повисоки од износот кој го плаќавме во изминатиов период.
Дали и кога ќе се реши актуелниот проблем, останува да видиме што ќе одлучат надлежните.
извор: alfa.mk