Џеф Вејнер зборува за својата филозофија за регрутирање на најдобрите кандидати
Ако имате право на кандидатот да му поставите само едно прашање и потоа да донесете одлука за вработување врз основа на одговорот на тоа прашање, што ќе биде прашањето? – е прашањето коешто колумнистот на CNBC Адам Брајан му го постави на извршниот директор на LinkedIn, Џеф Вејнер. Според Џеф, тоа прашање ќе биде: “Која е твојата работа од соништата?“
За одговор тој појаснува дека не прифаќа: “Да го променам светот бидејќи тоа е сосема надвор од овој контекст“.
“Буквално, би сакал кандидатот да ја напише неговата идеална работа, компанијата, позицијата, описот на работното место, како изгледа работата“ – вели тој.
Одговорот на ова, на прв поглед едноставно прашање, ќе му каже многу работи за кандидатот кои се клучни во процесот на донесување одлука за вработување.
Зошто ова прашање е толку важно?
Прво, одговорот на прашањето му дава поголемо чувство за самиот кандидат и неговите доблести во зависност од конкретизирањето на одговорот. Природно е, вели тој, помладите кандидати да одговорат поопшто на ова прашање бидејќи тие се’ уште ја бараат вистинската кариерна патека. Но, колку подолго сте на пазарот на трудот, толку поблиску треба да сте до оваа патека. Тој смета дека ако одговорот е поконкретен, до толку кандидатот е спознаен со тоа што тој навистина сака да биде, а колку повеќе е спознаен со работата, до толку се поголеми и шансите да биде успешен во тоа што сака да го прави.
Втората причина за изборот на ова прашање е тоа што преку него дознава дали кандидатот на долг рок ќе се адаптира на неговата работна позиција. Според Џеф, голем дел од луѓето мислат целокупниот процес запира кога кандидатот ќе ја прифати понудата за вработување. Според него, токму тогаш почнува вистинскиот дел бидејќи станува збор за долгорочна врска која сакате да ја одржувате. Токму затоа е од големо значење да дознаете како кандидатот ќе се адаптира на новата работна позиција на долг рог.
Дали се случува луѓето да кажат дека работата за која аплицираат е нивната работа од соништата?
Џеф вели дека го добивал и тој одговор, но само од мал број на кандидати. Тој смета дека секој кандидат треба да се стреми кон автентичност.
“Мојата работа од соништата е да станам извршен директор на LinkedIn”
Се има случено и некои кандидати да одговорат дека себеси се гледаат токму на мојата позиција. Тоа воопшто не му смета на Џеф бидејќи вели дека го сака тој одговор. Според него, најдобрите кандидати се тие кои што имаат далечна и јасна визија за себеси и притоа имаат потенцијал за да ја реализираат истата.