Околу 700 илјади Македонци, или околу една четвртина од населението денес живее надвор од државата. Миграцијата од Македонија во последната деценија се зголемила за пет пати во ЕУ и околу четвртина од работоспособното население заминува од земјата, што влијае врз продуктивноста на самата земја, истакна Анита Рихтер, раководител на одделот за Југоисточна Европа на Организацијата за економска соработка и развој – ОЕЦД на презентацијата на Извештајот на ОЕЦД „Трудова миграција во Западен Балкан, мапирање на шемите, адресирање на предизвиците и користење на придобивките“.
Рихтер посочи дека големата дијаспора може да донесе значителни ресурси за својата земја на потекло. Посочи и дека потенцијалот на дијаспората на Македонија е доста голем и оти околу три проценти од дознаките одат во земјата, но тоа е под просекот во Западен Балкан, каде што е околу 10 проценти.
Амбасадорката на Швајцарија во Скопје, Вероника Улман, се осврна за тоа како да се вратат младите во сопствената земја.
Студијата прво обезбедува одредени препораки, на пример, идентификација на паметната трансформација на образовниот систем кој ќе обезбеди повеќе можности на македонската работна сила и со тоа ќе го зголеми националниот стандард на живеење. Преку оваа програма Швајцарија веќе зема учество во овие напори“ – истакна Улман.Таа изрази поддршка кон Владата за да го усогласи својот стручен образовен систем со пазарот на труд, да воспостави соработка помеѓу образовните институции и иновативниот екосистем и придонес во развојот на мали и средни претпријатија, и стартап бизниси.
Целиот текст е на emigriko.mk