Калифорнија е првата држава која почна со пилот програма за дигитални регистарски таблички, но сега излегува од пилот програмата и се отвара за широките маси.
Благодарение на ноедамнешниот закон (AB-984) кој штотуку е усвоен, сега ќе биде легално за сите во Калифорнија да користат дигитални таблички. Но, опциите за купување дигитални таблички се ограничени на само една компанија: „Ревајвер“.
Од таму велат дека околу 10.000 корисници на калифорниски автомобили возат со своите таблички како дел од програмата. Тој број несомнено ќе се зголемува откако е донесен законот.
Во случај претходно да не сте виделе или слушнале за дигитални регистарски таблички, знајте дека тие користат монохроматски HD екран, кој може да се менува од светли до темни модови (црна или бела задниина).
Тие се напојуваат со батерии, а „Ревајвер“ тврди дека траат пет години – но, ако сте комерцијален купувач, „Ревајвер“ нуди решение кое за напојување ги користи 12-волтните батерии на возилото.
Зошто би ги сакале овие таблички? Најголема причина е најверојатно естетиката.
Но, функциите за кои „Ревајвер“ вели дека доаѓаат во иднина вклучуваат семејни услуги и предупредувања, пријавување на украдени автомобили, интеграција на системот за наплата на патарина, предупредувања за дијагностика и одржување на возилото како и многу други.
извор: nezavisen.mk