Врз основа на член 35 од Закон за административни службеници („Службен весник на Република Македонија” бр. 27/14, 199/14, 48/15, 154/15, 5/16, 142/16 и 11/18) и Уредбата за спроведување на постапката за вработување на административни службеници („Службен весник на Република Македонија” бр. 27/18), а во врска со член 20-г од Закон за вработени во јавен сектор („Службен весник на Република Македонија” бр. 27/14, 199/14, 27/16 и 35/18) и Правилникот за задолжителните елементи на јавниот оглас за пополнување на работно место во јавниот сектор преку вработување и пријавата за вработување, како и формата, содржината и начинот на водење на регистарот на лица кои дале лажни податоци при вработување во јавен сектор („Службен весник на Република Македонија” бр. 34/15), Агенцијата за администрација објавува
ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ – 142/2018
за вработување на 7 јавни службеници од група I, подгрупа II во Јавно претпријатие Македонска радиотелевизија за следните работни места
Раководител на одделение за финансии
Стручен соработник 1 во одделение за финансии
Стручен соработник 3 во одделение за сметководство
Стручен соработник 1 во одделение за правни и нормативни работи
Раководител на сектор за внатрешна ревизија
Раководител на одделение за финансиска ревизија и усогласеност (регуларност)
Заинтересирани сте?
Погледнете го целиот оглас на овој линк.