Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) пред точно две недели ги одреди најновите цени на горивата во Република Македонија кои имаа рок на важност изминативе две недели.
Според одлуката на регулаторот, малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголеми за 0,50 ден/литар за денес да изнесува 71,50 ден/литар.
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е-V) и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) остана исти.
Цената на ЕУРОСУПЕР БС-98 до денес на полноќ е 73 ден/литар, дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е-V) се точи по цена од 62,50 ден/литар, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се продава по цена од 51,50 ден/литар.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намали за 0,246 ден/кг и со тоа изнесува 33,651 ден/кг.
Во текот на денешниот ден, РКЕ ќе ги соопшти новите цени на горивата кои ќе важат од вечерва на полноќ, па во следните две недели.