Од 17 до 21 октомври посетете го Најголемиот регионален онлајн саем за вработување и дознајте повеќе за можностите за кариера во Data Masters!
Data Masters е консултантска компанија, специјализирана во областа Data Science. Основана е од визионери кои своето знаење го имаат стекнато во странство, но нивната главна цел е да го имплементираат знаењето и интернационалното искуство во Македонија. Како консултантска компанија во изминатите три години Дата Мастерс има остварено соработки со компании и институции од пет континента. Едни од позначајните соработки се во САД, Португалија, Абу Даби и секако во Македонија. Од оваа година компанијата има и своја канцеларија во Лисабон.
Покрај консултантскиот бизнис тука е и Data Masters Academy која е составен дел од компанијата и која има едуцирано над 250 студенти. Целта на Data Masters Academy преку обуките и академијата е пренесување на искуствата на главните предавачи на индивидуите кои сакаат да се усовршат или да научат нешто ново за областа која е сè уште во своите зачетоци. Покрај индивидуалците тука се и водечките компании од бизнис секторот кои со помош на академијата и обуките може да изградат свои капацитети и побрзо да го завршат процесот на дигитална трансформација.
Искористете ја оваа ексклузивна можност и станете дел од тимот на Data Masters на Најголемиот регионален саем за вработување!
Погледнете ги огласите кои ги нудиме:
Data Engineer
линк за повеќе детали и аплицирање
Business Intelligence (BI) Consultant
линк за повеќе детали и аплицирање
Data Scientist
линк за повеќе детали и аплицирање
MLOps Engineer
линк за повеќе детали и аплицирање
Дознајте за можностите за вработување во Data Masters!
Доколку сакате да дознаете повеќе за условите за работа, отворените огласи и можностите за кариера во компанијата, кликнете на овој линк и посетете го штандот на Data Masters на најголемиот регионален онлајн саем за вработување кој ќе биде отворен од 17 до 21 октомври.