Уште во август 2021 година, Државниот совет ја осуди француската држава на парична казна од 10 милиони евра поради недоволно подобрување на системот за спречување на загадувањето, а таа одлука потоа се однесуваше на првата половина на 2021 година.
Новата казна се однесува на следните два семестри. „Иако се забележани подобрувања со текот на времето, граничната вредност на загадувањето со азот диоксид - која е на сила од 2010 година - сè уште се надминува во некои делови на Франција, особено во пошироката област на Париз, Лион и Марсеј. Досегашните мерки што ги донесе државата не гарантираат дека квалитетот на воздухот ќе се подобри толку многу што граничната вредност на загадувањето може да се почитува во најкус можен рок“, посочуваат од Државниот совет.
Загадувањето поврзано со автомобилскиот сообраќај во голема мера влијае на јавното здравје. „Смртноста поврзана со загадениот воздух сè уште е голем ризик во Франција, каде годишно 40.000 луѓе умираат поради ситни честички во воздухот“, објави организацијата Јавно здравје во Франција минатата година. Парите главно ќе бидат наменети за организациите кои се борат против аерозагадувањето, а 50.000 евра ќе одат за здружението „Пријатели на Земјата“, кое во 2017 година прва поднесе тужба до Државниот совет.
извор: kanal5.com.mk