
Нема потреба од гужви во пунктовите за потпишување на нови договори за парно бидејќи тие ќе се испраќаат и по пошта до корисниците, најави РКЕ.
Со цел да не се прави дополнително гужва на пунктовите, договорите потрошувачите во наредниот период ќе ги добијат и во сметките кои ќе им бидат испратени на почетокот на ноември за октомври. Таму каде што постои можност ќе се испратат тие договори и по и-меил, така што тој проблем е сега целосно надминат.
Новиот снадбувач во следниот период ќе воспостави сопствен систем за плаќање онлајн. Пунктовите во Тафталиџе, Центар и Аеродром ќе бидат отворени од 9 до 18 часот и ќе работат во сабота до 13 и 30 часот.
извор: skopskoeho.mk