Засилените акциски контроли се реализираа по зголемениот број на пријави од граѓани за гласна музика од угостителските објекти, во ноќните часови, а особено за време на летниот период. Акциските контроли се одвивале исто така во ноќните часови, односно по 23 часот, во Капиштец, Дебар маало, Буњаковец, улица Македонија и Кеј 13 Ноември. Локалите се опоменати да ги почитуваат граничните вредности за бучава во животната средина.
Санкционирани се повеќе кафе баровите, со глоби во висина од 360.000 до 800.000 денари. За сите локали се започнати инспекциски постапки, согласно Законот за бучава во животна средина, при што правните лица се задолжени со решенија да преземат мерки во одреден рок, за намалување на бучавата. Доколку правните лица не ја платат глобата, се поведува постапка во Основен суд.
Апелираме до сите управители и сопственици на угостителски објекти во општината, да се придржуваат до постоечките правилници, да имаат обзир кон жителите кои живеат во непосредна близина на нивните локали и да го почитуваат Законот за заштита од бучава во животната средина.
извор: skopjeinfo.mk