Околу 150 од 540 цркви ќе бидат целосно или делумно затворени оваа зима како дел од напорите на Шведска да ја намали потрошувачката на енергија
Шведска ги затвора црквите и сауните во многу градови во обид да ја намали потрошувачката и трошоците за електрична енергија оваа зима, јавува Anadolu Agency (AA).
Андреас Мансон, инженер кој ги надгледува енергетските потреби на црквата во епархијата Лунд, рече дека 150 од 540 цркви во областа ќе бидат целосно или делумно затворени оваа зима како дел од напорите на Шведска да ја намали потрошувачката на енергија.
„Нема сомнеж дека греењето е најголемиот трошок, многу згради имаат прилично лоша изолација“, изјави Мансон за локалниот весник „Дагенс нихетер“.
Оние цркви кои ќе успеат да останат отворени ќе го намалат греењето за да заштедат енергија и ќе бидат отворени во текот на целата зимска сезона, јавуваат локалните медиуми.
Во рамки на мерките за штедење ќе бидат затворени сауните и загреаните базени, а дел ќе работат и со намалена температура.
Во Малме, на пример, Градскиот совет планира целосно да ги затвори базените или да ја намали температурата во нив.
Целиот текст прочитајте го на emigriko.mk