Јужнокорејскиот гигант вети дека корисниците може да го очекуваат корисничкиот интерфејс One UI 5, базиран на оперативниот систем Android 13, во октомври, а се чини дека компанијата е подготвена да го исполни даденото ветување, бидејќи од Италија добиваме извештаи дека некои корисниците почнале да ја добиваат надградбата OTA (over-the-air).
Сопствениците на телефоните Galaxy S22 Ultra во Италија вчера почнаа да ја добиваат верзијата на фирмверот S908BXXU2BVJA, „тешка“ дури 2853,03 MB, која го вклучува и безбедносниот patch за октомври 2022 година.
Доколку сакате детално да прочитате сè што е ново во ова ажурирање , дека тоа можете да го направите на веб-страницата samnews24, но доколку сакате пократка верзија, ние сме тука за вас – ова се новостите што ги донесе One UI 5:
Нови икони
Нов pop-up прозорец за дојдовни повици и известувања
Нов начин за прилагодување на уредот (заклучен екран, позадини, нов изглед на виџетите)
Оптимизација на продуктивноста (подобрен мултитаскинг, нова можност за извлекување и скенирање текст, оптимизирани Samsung Dex и Samsung Notes)
Оптимизиран рутински режим
Нов режим на спиење
Оптимизација на приватноста и безбедноста
Секако, оваа надградба на One UI 5, односно Android 13 не е ексклузивна за уредите Galaxy S22 Ultra, туку за целата серија Galaxy S22 и официјално ќе стигне до корисниците во Европа утре, понеделник, 24 октомври.
За жал, сопствениците на уредите Galaxy S21, Galaxy Z Flip 3 и 4 и Galaxy Z Fold 3 и 4 ќе мора да почекаат, но добрата вест е што нема да мора да чекаат премногу долго, бидејќи се очекува ажурирањето на One UI 5 да пристигнат на нивните уреди пред крајот на 2022 година.
