Шест митови во кои треба да прекинеме да веруваме
1. Мит: Со затварањето на апликациите кои не се користат ќе се забрза брзината на телефонот
Повеќето телефони се дизајнирани да ги оптимизираат задачите независно од бројот на отворени апликации. Иако се препорачува од време на време да се отстранат непотребните апликации, сепак тоа нема да има влијание врз брзината на телефонот.
2. Мит: Повеќе мегапиксели значат и подобра камера
Бројот на мегапикселите е поврзано со тоа колкава фотографија може да направите. Доколку барате добра камера фокусирајте се на поважните ствари: квалитетот на сензорот, објективот и процесорот на слики.
3. Мит: Батеријата треба да се истроши целосно пред нејзино повторно полнење
Наспроти старите телефони кои користеле NiCAD и NiMH батерии, мобилните купени во последните пет години доаѓаат со литиум-јонски батерии. Овие батерии немаат „мобилна меморија“ и поради тоа нема никаква разлика дали го полните вашиот телефон кога ќе биде на 1% или 99%.
4. Мит: Телефонот нема да може да биде следен доколку ја извадите СИМ картичката
Присутноста на СИМ картичката нема никаква врска со елиминирање на можноста да бидете следени. Ако батеријата на вашиот телефон се уште е активна, тој лесно може да биде лоциран.
5. Мит: После употреба полначот треба да биде изваден од штекер
Доколку го оставите полначот може да настане пожар предизвикан од струен удар, но ваквите ситуации се доста ретки. Сепак, полначот треба да се вади доколку вашиот кабел за напојување се загрева, кај вашите соседи во зградата протекува вода или поради немање громобранска заштита често ви снемува струја или ви се случуваат струјни удари.
6. Мит: Заштитата на вашиот екран ќе спречи негово гребење
На почетокот телефоните биле изработени од тенко стакло кое било многу осетливо на гребнатини и пукнатини. Со доаѓањето на Gorilla Glass на LG, Huawei и Samsung овој проблем веќе е во минатото.