Наскоро почнуваат градежните активности за целосна реконструкција и модернизација на просторот зад „Капитол Мол“. Просторот треба да добие целосно нов и модерен изглед, со што жителите на Аеродром ќе добијат уште еден нов плоштад.
Проектот опфаќа хортикултурно и партерно уредување на целиот простор со вкупна површина од 5.000 квадратни метри. Дополнително, во рамки на реконструкцијата старите и дотраени плочки ќе бидат заменети со нови гранитни плочи, а ќе бидат поставени нови современи канделабри, светла со димери, како и нови клупи, канти и друга урбана опрема.
Целиот текст е на skopskoeho.mk