Зимското сметање на времето почнува секој последен викенд во октомври и трае до последниот викенд во март следната година, кога повторно настапува летното сметање на времето.
И покрај најавите дека поради заштеда на електрична енергија може да се одложи преминот кон зимско сметање на времето, сепак по направените анализи Владата одлучи да остане досегашниот систем.
Во три часот по полноќ на 27 Октомври стрелките на часовникот ќе се поместат еден час наназад.