Со цел порано да почнеме да планираме идни патувања, „Нешнал џиографик“ ја објави својата листа на најдобри дестинации за 2023. Поделена во пет категории, таа содржи вкупно 25 дестинации, од кои најблиска ни е Словенија.
„Се надеваме дека 2023 ќе донесе не само големо враќање на патувањата, туку и повторно откривање на чудата. Сакаме да го поттикнеме тој дух со оваа листа“, изјави уредничката на „Нешнал џиографик“, Ејми Алпио.
На листата има и нови атракции, како Големиот египетски музеј близу Каиро, чие отворање се одложуваше неколкупати и конечно треба да се случи догодина.
КУЛТУРА
- Вија Апија (Италија), Бусан (Јужна Кореја), пештерите Лонгмен (Кина), Египет, Чарлстон (САД)
ПРИРОДА
- Шкотски Гори, Боцвана, Словенија, националниот парк Биг Бенд (САД), Азори
АВАНТУРА
- Нов Зеланд, Чокекирао (Перу), Јута (САД), Австриски Алпи, националниот парк Ревиљахихедо (Мексико)
ЗАЕДНИЦА
- Додеканези (Грција), Милвоки (САД), Алберта (Канада), Лаос, Гана
СЕМЕЈСТВО
- Тринидад и Тобаго, патеката Кростаун (Сан Франциско), Колумбија, Манчестер (Велика Британија), Швајцарија
Извор: nezavisen.mk