Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,16% во однос на одлуката од 28.10.2022 година.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 1,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 1,00 ден/лит.
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 0,50 ден/лит, додека малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менува.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,584 ден/кг и сега ќе изнесува 50,067 ден/кг.
Од 1.11.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
- Моторен бензинЕУРОСУПЕР БС – 95 90,50 (денари/литар)
- Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 92,50 (денари/литар)
- Дизел горивоЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 99,00 (денари/литар)
- Масло за горењеЕкстра лесно 1 (ЕЛ-1) 96,00 (денари/литар)
- Мазут М-1 НС 50,067 (денари/килограм)
извор: centar.mk