Инженерите за роботика тврдат дека ги измислиле „најбрзите чевли на светот“ кои ќе ги натераат луѓето лесно да одат со брзина од 11 километри на час. Чевлите кои работат на батерии, наречени „Moonwalkers“, изгледаат како ролери што се прицврстуваат на обичните чевли.
Тие, наводно, се напојувани од вештачка интелигенција и алгоритам кој им овозможува на корисниците нормално да одат без никаква контрола со рака. Тие можат да развијат 250 проценти поголема брзина.
„Мунвокерс не се ролери. Тоа се чевли. Всушност, најбрзите чевли во светот. Не се лизгаш во нив. Одиш. Не треба да учите како да ги користите, чевлите учат од вас“, напишал Ксунџи Џанг, основач и извршен директор на Shift Robotics, на нивната веб-страница, пренесува Bizlife.
Тој додаде дека Moonwalkers „не се нешто што го врзуваш и одиш, туку се високо конструирани додатоци на твоите чевли, благодарение на кои одиш со брзина на трчање“.
Технологијата овозможува да се качувате и симнувате по скали и да застанете на раскрсниците без страв од судир, тврдат од компанијата.
„Moonwalkers“ излегоа во продажба во понеделникот како дел од кампањата на Kickstarter. Во март 2023 година, тие ќе бидат достапни за купување по малопродажна цена од 1.399 долари.