Повеќе од 300 000 бегалци досега се интегрирале во пазарот на трудот во Германија. „Според најновите статистички податоци, околу 300 000 бегалци се вработиле, што е за околу 100 000 повеќе во однос на истиот период лани. Тоа е повеќе од очекуваното“, соопштиле властите.
Уште 480 000 бегалци се во активна потрага за вработување. Познавањето на германскиот јазик останува најважен критериум во просецот на интеграција на пазарот на трудот. Покрај ова, најголеми шанси за вработување имаат младите бегалци.
Во ударните мигрантски бранови од 2015 до 2017 година во Германија пристигнале околу 1,4 милиони бегалци. На германскиот пазар на трудот во овој момент ѝ недостигаат околу милион работници.