Каде работиш? На која позиција си? Колку вработени има компанијата итн. И конечно доaѓаме до клучното прашање: А колку сте платени? Колкава е твојата плата?. Дали и вие некогаш сте почувствувале одредена доза на непријатност кога ви ги поставиле овие прашања?
Зошто платата е тајна?
Без разлика дали е голема или мала, навремена или задоцнета, таа се чува во тајност. Порано со сигурност се знаело дека ако имаш такво и такво образование, работиш на таква и таква позиција, имаш X години искуство, се поставува равенка и на крајот се добива точниот број на поени што директно влијае на висина на плата.
Порано беше така, но денес? Денес, транспарентноста на платите се третира различно во зависност од тоа дали сте вработен во јавен или приватен сектор. Додека во јавниот сектор бројките за платите може да се слушнат во медиумите и јавно да се соопштуваат, во приватниот сектор тоа е друга приказна.
Истражувањата покажуваат дека компаниите ги чуваат износите на платите во тајност поради следните две причини:
- На овој начин се заштитуваат личните податоци на вработените;
- Се избегнува ривалство и меѓусебна споредба на вработените;
Често се случува платата да се објавува само во завршниот дел од конкурсот, кога компанијата одлучува за конкретен кандидат.
Иако се малку, постојат работодававачи кои во своите огласи наведуваат износи на плати (бруто, нето, децимално или во интервали).
Нетранспарентноста на платите има свои предности, но и еден недостаток, а тоа е сомнежот на вработените за постоење на дискриминација.
Непријатност може да настане кога колегата X(кој е на иста работна позиција и со исти компетенции) случајно или намерно ќе дознае колку изнесува платата на колегата Y.
Разбирањето на сопствената вредност преку заработката е многу дискутабилно прашање. Што значи тоа за поединецот?
- Објективно и реално погледнете ги вашите силни и слаби страни и бидете свесни и за вашата вредност;
- Субјективно, кога мисли дека вреди повеќе, а реалноста вели друго;
На ист начин, работодавачите можат да бидат: објективни (кога ги наградуваат своите вработени според заслугите и придонесите) и субјективни (кога се наградени по некоја друга основа).
Додека порано се плаќаа позициите, денес се платени луѓето на работни позиции, а мора да признаете дека секој си гради свој бренд, со тоа треба да се стремиме да бидеме најдобрата верзија од себе.
Ако гледаме на компанијата како тим составен од нејзините играчи (вработени), кои заеднички придонесуваат за резултатите на компанијата, (победуваат и губат), аналогно на тоа, тие заедно ги делат плодовите на нивниот труд.
Дознавајќи за постоењето на големи разлики во платите на исти позиции, играчите ја губат желбата и мотивацијата за личен придонес бранејќи ги боите на тој тим бидејќи не ја гледаат целта. Затоа често заминуваат.
Како и да е, се препорачува да се споредуваме само со себе и со никој друг. Најважно е да:
- Бидете посебни (автентично, што ќе го означи вашиот личен бренд);
- Да бидете слободни (да бараме покачување кога сме незадоволни);
- Само бидете свои;