Ги знаете ли вашите права од Законот за работни односи?
Според член 56 со закон, друг пропис или колективен договор на ниво на дејноста може да се одреди, да се склучува договор за вработување како приправник, кој за првпат започнува да врши работа соодветна на видот и степенот на своето стручно образованите, заради оспособување за самостојно вршење на работата во работниот однос.
Приправничкиот стаж може да трае најмногу една година, ако со закон не е поинаку определено. Истиот тој може сразмерно да се продолжи, ако приправникот работи со пократко работно време од полното работно време, но најмногу за шест месеца. Траењето на приправничкиот стаж се продолжува за времето на оправданото отсуство од работа, кое трае подолго од 20 работни дена, освен за времето на годишниот одмор.
На крајот на приправничкиот стаж, приправникот мора да полага испит, којшто е составен дел на приправничкиот стаж и се полага пред истекувањето на приправничкиот стаж. За времетрањето на приправничкиот стаж работодавецот не смее на приправникот да му го откаже договорот за вработување, освен во случај на спроведување постапка за престанување на работодавачот.
Доколку сте волонтер, според член 61 ако волонтерскиот стаж е услов за полагање на стручен испит или за самостојно вршење на дејност, во согласнот со посебен закон, треба да се врши со склучување на договор за волонтерски стаж, помеѓу работодавачот и волонтерот. За волонтерот се применуваат одредбите на овој закон за траење и изведување на приправничкиот стаж, за ограничување на работното време, дневната пауза и одморите, одговорноста за обештетување, како и обезбедување на заштитата при работа, во согласнот со закон.
Барате пракса? Аплицирајте на огласот во Цементарница УСЈЕ АД
Според член 60 при склучување на договорот за вработување работникот и работодавачот можат да се договорат за пробна работа. Во договорот за вработување покрај сите права и обврски од работен однос се утврдува висината на платата и времетрањето на пробната работа, кое не може да биде подолго од шест месеца. Во времетрањето на пробната работа работникот може да го откаже договорот за вработување со отказен рок од три работни дена.