На многу луѓе долго време им стојат автомобилите на паркинг или во гаража, но што ќе се случи со горивото? И тоа има рок на траење
Бензинот и дизелот не може да останат предолго во резервоар, во спротивно ќе ги загубат своите својства и кога ќе го стартувате автомобилот по месеци стоење - може да има проблеми.
Треба да го потрошите бензинот во резервоарот по најмногу два до три месеци од точењето. Во спротивно, ќе стане течност што може да му наштети на вашиот мотор. Дизелот во резервоарот за гориво може да издржи исто толку малку. Во биодизелот има бактерии со кои се меша дизел горивото, кои ќе почнат да делуваат при стоењето и како резултат на тоа ќе создадат наслаги на како тиња. Можна е корозија на резервоарот за гориво или блокирање на системот за снабдување со гориво. Дизелот во резервоарот за гориво треба да се потроши за приближно три месеци, а не подоцна од шест месеци.
Како да препознаете дотраено гориво, односно што ќе се случи кога ќе влезе во моторот на вашето возило? Ќе се запали сијаличката за проверка на моторот, која, се разбира, може да се вклучи и од огромен број други причини. Однесете го вашето возило во сервисен центар и таму ќе ја откријат причината за проблемот.
Моторот може да има проблеми со стартување, палење, гласно верглање во лер или губење на моќноста при забрзување.
Расипаното гориво мора да се отстрани од резервоарот.