Платите во Буџетот за 2023 година се дефинирани според можностите, вкалкулирани се зголемувањата во секторите направени оваа година, а кратење нема да има во ниту едно од правата на работниците, вели министерот за финансии Фатмир Бесими.
Ако просечната плата наредната година во просек дава десет отсто зголемување, тоа значи дека од март минималната плата ќе се зголеми за десет отсто.
И државните службеници каде е влезена минималната плата како основица, ќе имаат линеарно зголемување на платите, рече министерот во вчерашното гостување на една национална телевизија.
Според него, не се проектирани нови даноци, но можно е да престанат дел од даночните ослободувања.
На прашањето во кои сегменти со новиот Буџет се планира штедење, министерот објасни дека тоа пред се се однесува на непродуктивните трошоци – мебел, возила и патни трошоци, но нема да има и зголемување на администрацијата.
Целиот текст е на rabotnik.com.mk