Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – септември 2022 година, изнесува 379 441 735 илјади денари и бележи пораст од 20.1 % во однос на истиот период од претходната година.
Вредноста на увезената стока, во периодот јануари – септември 2022 година, изнесува 554 574 596 илјади денари, што е за 29.1 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година.
Трговскиот дефицит, во периодот јануари – септември 2022 година, изнесува 175 132 861 илјада денари.
Покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари – септември 2022 година, изнесува 68.4 %.
Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, фероникелот и други катализатори на носачи. Во увозот најмногу се застапени нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, електричната енергија и благородни метали во колоидна состојба; соединенија, органски или неоргански, од благородни метали, хемиски дефинирани или недефинирани; амалгами од благородни метали.
Во периодот јануари – септември 2022 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, Република Северна Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Бугарија.
Стоковна размена изразена во евра и САД долари
Изразено во евра, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – септември 2022 година, изнесува 6 157 257 илјади евра и бележи пораст од 20.1 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 8 999 335 илјади евра, што е за 28.9 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари – септември 2022 година, изнесува 2 842 078 илјади евра.
Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – септември 2022 година, изнесува 6 550 518 илјади САД долари и бележи пораст од 6.8 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 9 576 173 илјади САД долари, што е за 14.7 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари – септември 2022 година, изнесува 3 025 655 илјади САД долари.