
Од секогаш слушаме колку е важно да штедиме, но многу луѓе имаат недоумица околу тоа како да заштедат и кој е најдобриот начин за чување на пари.
Советите на стручњаците се да не купувате импулсивно, однапред да пресметате и да чувате секогаш на страна барем мала сума пари. Така со текот на времето ќе развиете навика за штедење.
Штедењето нуди бројни придобивки: можеме да постигнеме сè што сакаме или планираме за иднината, безбедни сме кога ќе се најдеме во непредвидени и ненадејни ситуации кои подразбираат дополнителни трошоци, а дополнително, одвојувањето пари на страна може да ни обезбеди заработка.
Заборавете на криењето пари сами од себе, под душекот, во фиоки или на различни места кои ги сметате за безбедни. Експертите препорачуваат да ги чувате парите во банка не само затоа што таму се најбезбедни, туку и затоа што ви даваат можност да заработите благодарение на каматата.
При изборот на банка, постојат различни критериуми според кои луѓето се водат. Некои ја избираат онаа што има исклучително распространета мрежа на филијали и банкомати, други се грижат само за каматата, додека искусните избираат сигурна и стабилна банка. Експертите велат дека најважно е да се соберат сите информации за услугите што се нудат на пазарот, по што се прави скратен список.
Занимливости
-
Каде и кога настанал знакот „СТОП“?
Дури во 1968 година, Виенската конвенција за патни знаци ја утврди октагоналната форма како меѓународен стандард.
-
Ова се најпреценетите туристички атракции во светот – дали вредат за вашето време и пари?
Многу светски познати туристички атракции, иако често се на листата со задолжителни дестинации за посетителите, ги оставаат луѓето разочарани. Новото истражување на Radical Storage, кое ги анализира прегледите на патниците, покажа дека петте најразочарувачки атракции во 2025 година се наоѓаат во Европа.
-
Дали е ова најнеобичниот парк досега? Ви овозможува да го пропатувате целиот свет – во едно попладне
Секако дека денеска светот ќе можете да го заобиколите за многу пократко време, од она добро познатото ремек дело на Жил Верн, „Патот околу светот за 80 денови“. Но изненадувањата секогаш можат да бидат и многу поголеми, особено кога ќе слушнете дека светот ќе може да го пропатувате само за едно попладне.
-
Правила за убаво однесување во Шведска: Го почитуваат личниот простор и не се буткаат во редици
Ладнокрвните Швеѓани се на листата на најсреќни луѓе во светот, а за да се вклопите во нивното општество, обрнете внимание на најчестите грешки што ги правиме при посетата на северна Европа…
-
Регион во Италија нуди 100.000 евра за да се преселите таму
За да се поттикне имиграцијата, властите во италијанскиот регион Трентино планираат да воведат стимулации. Така, купувачите на недвижности ќе можат да сметаат на финансиски средства кои ќе покриваат најмалку една шестина од куповната цена или 40 отсто од трошоците за реновирање на имотот.
-
Со што се занимава најбогатиот Германец?
Клаус-Мајкл Кине е најбогатиот Германец и има богатство моментално проценето на околу 42,5 милијарди долари.