Германскиот производител на спортска опрема „Адидас“ објави дека го назначил Норвежанецот Бјорн Гулден, шеф на ривалската Пума, да го преземе раководството на групата, која моментално е во тешка финансиска состојба. Баварската компанија, очекува новиот шеф да воведе нова ера.
Бјорн Гулден (57) ја води Пума од 2013 година, развивајќи ја во сенка на големиот ривал Адидас, репозиционирајќи го својот бренд повеќе како натпреварувачки спорт, а помалку како начин на живот.
Адидас и Пума имаат седиште во истиот германски град Херцогенаурах, во северна Баварија, а се основани од двајца браќа од семејството Даслер, кои се во „смртоносна кавга“. Ако ова братоубиствено ривалство сега е минато, конкуренцијата меѓу овие две компании останува жестока, особено на германската берза Дакс, пренесува ХИНА.
Извор: slobodenpecat.mk