ЈП “Улици и патишта“ за првпат во Македонија исцрта 3D пешачки премин на улица “Самоилова“ кај Музејот на современата уметност.
Целта е пешаците и возачите полесно да можат да ја забележат и користат оваа сообраќајна сигнализација – пешаците за поминување, возачите за застанување.
Во периодот што следува ќе се бележат со 3D пешачки премини уште неколку улици па ќе се продолжи со премините на булеварите.
Преминот создава чувство кај граѓаните дека на улицата има подигнат премин што ги наведува да ја намалат брзината“, вели Сенад Смаиловиќ, директор на ЈП „Улици и патишта.
Останува да видиме дали овие ваквите пешачки премини ќе влијаат врз намалување на бројот на сообраќајни незгоди во кои се инволвирани и пешаци.