Останува евтината тарифа за струјата за домаќинствата. Регулаторната комисија за енергетика уверува дека доколку граѓаните одлучат со струја да ги снабдува универзален снабдувач, тоа нема да го доведе во прашање моделот кој беше воведен минатата година а кој предвидува поевтина струја за домаќинствата од 14 до 16 часот и од 22 до 7 часот наутро, а во недела 24 часа.
„На регулираниот пазар ќе важат истите услови за евтина тарифа како досега за домаќинствата.Да не се шири фама и нервоза дека ќе се укине, не се укинува“, смета Марко Бислимовски РКЕ.
Постапката за избор на универзален снабдувач почнува следниот месец со меѓународен тендер, а треба да заврши до крајот на годинава.Не се очекуваат проемни во цената на струјата и затоа според Регулаторот,за граѓаните е поповолно да останат на регулираниот пазар.
„Очекувам цената да остане непроменета за домаќинствата. Ако некој сака да премине од еден на друг пазар,тоа може да го стори многу лесно и во секое време“, вели Бислимовски.
Законот не предвидува обврска за фирмата да нуди поевтина струја но по примерот на мобилната телефонија, се очекува снабдувачите со струја да понудат атрактивни пакети со кои ќе ги задржат клиентите но и ќе го зголемат времетраењето ан ефтината тарифа.
Новина е што и производителите и потрошувачите ќе можат да побараат обештетување од МЕПСО и од ЕВН доколку не се задоволни од услугата, односно ако имало прекин во снабдувањето или струјата била слаба. Либералзиацијата на пазарот ан електрична енергија почнува од 1 јануари догодина што значи дека домаќинствата слободно ќе избираат дали ќе останат кај универзалниот снабдувач или со струја ќе ги снабдува фирма трговец. Во случај на пролонгиртање на постапката за избор, дејноста ќе ја врши ЕВН.
извор: telma.com.mk