ДИВ Групацијата на претприемачот Томислав Дебељак е пример за компанија која вистински се грижи за своите вработени
“Не е се во профитот“ – изјави Томислав за време на најавувањето на демографските мерки кои ќе се применуваат во сите фирми на неговата групација.
На секоја работничка која се води како вработена на определено време во било која фирма на групацијата ДИВ, Томислав е спремен да и понуди договор на неопределено време во случај на породилно отсуство. Со тоа, компанијата сака да ги мотивира жените да не се плашат од тоа дека во случај на бременост може да ја загубат работата.
За секое новородено дете, на работниците компанијата им исплаќа бруто износ од 670 евра, а доколку двата родители работат во ДИВ, овој износ се дуплира.
На секој работник кој моментално се наоѓа во странство, а ќе одлучи да се врати во Хрватска и да се вработи во една од неговите фирми, ќе му се исплати бруто износ од 1.000 евра.
За празникот Св. Никола, групацијата ДИВ организира настани и представи за децата на вработените кои наполниле максимум 15 години.
Групацијата ќе издвојува пари за спонзорирање на уметнички и спортски клубови во кои членуваат децата на вработените.
Дополнително, предвидени се и финансиски средства за децата кои покажуваат исклучителни резултати за време на своето школување.
Групацијата ќе располага со фонд кој ќе се користи за лекување на децата на вработените.
За крај, на родителите со три или повеќе малолетни деца ќе им биде исплатен посебен месечен додаток во износ од 200 куни (25 евра) за секое трето и за секое следно дете, што значи дека до полнолетство овој износ изнесува околу 40.000 куни (5.400 евра), односно 80.000 куни (10.800 евра) ако и двата родитела работат кај Томислав.
Семејството Дебељак е познато уште од самото основање на групацијата ДИВ дека се труди да изгради семејна компанија во која секој вработен ќе биде задоволен и мотивиран. Со овие мерки тие настојуваат да го забават процесот на масовно иселување од Хрватска. Томислав се надева и ги охрабрува и останатите компании да го следат неговиот пример и да воведат вакви мерки кои значително ќе го променат односот газда – работник.