Голем дел од технолошките гиганти благодарение на здравствената криза успеаја значително да ја зголемат својата заработка и својата вредност. Ова траеше неколку години, а профитот дури и кога некои други компании едвај се справуваа, растеше. Благодарение на ова Amazon, Microsoft, Apple, Meta, значително ја зголемија својата вредност.
За жал, економијата не продолжи како што најголем дел од компаниите очекуваа. Па, дел од нив мораат да отпуштат вработени, а вредноста на берзата е намалена речиси за сите. Најголемите 5 компании во САД (според заработката) во оваа година заедно загубија 4 билиони долари од својата вредност.
Amazon е првата компанија во историјата чија вредност паднала за 1 билион долари. Компанијата на 21 јуни беше проценета на 1, 882 билиони долари. Оваа недела акциите на Amazon паднаа на 86,14 долари, по што вредноста на компанијата е 879 милијарди долари.
По подолг период вредноста на Amazon на 1-ви ноември падна под 1 билион долари. Продолжувањето на падот доаѓа по предвидувањето за најбавно четврто тримесечје во историјата на компанијата.
Акциите на Amazon само во оваа година се паднати за 48%. Богатството на основачот Џеф Безос се намали за 83 милијарди долари, на 109 милијарди американски долари.
Оваа недела вредноста на Amazon е 878 милијарди долари. Ништо подобро не помина ниту Microsoft кој има загубено околу 900 милијарди долари.
Извор: it.mk